Премиерот Зоран Заев вечерва од граѓанската трибина во Штип испрати неколку пораки до граѓаните. Тој повторно ја спомна метлата, за која најави дека е ред да зачисти на локално и централно ниво по две години.
-Има функционери кои спуштаат слушалка, кои немаат одговор на барањата на граѓаните. Овие луѓе немаа снага да му служат на народот, затоа по две години време е за чистка. Нив ќе ги поместиме, или како што би рекол Цацко, дај ново дете, порача премиерот Заев.
Тој додаде дека ќе зачисти и на другата страна, односно кај кадарот кој опструирал, а бил поставен во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ќе има големо чистење, ќе сјае, ќе заметеме. Ама ќе зачистиме и од другата страна. Има директори, вработени, кои се пикнале изминатите 11 години и сега опструираат, не работат, се кочница. Па дури и се закануваат, ќе се вратело ВМРО-ДПМНЕ, долга била раката на ВМРО, рече Заев.