Заев: Министри од СДСМ и ДУИ на листата за чистка

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во 24 Отворено најави дека веднаш по изборите ќе направи владина реконструкција во која ќе бидат заменети неколку министри.

Тој не сакаше лично да ги посочи министрите кои ќе бидат заменети, но рече дека реконструкцијата ќе опфати министри и од СДСМ и од ДУИ.

-Никој нема да биде поштеден во реконструкцијата на владата, рече Заев, потенцирајќи дека тој веќе има предвид кој министри ќе бидат ставени под лупа.

Поврзани новости