Заев: Оваа Влада не е виновна за блокадата од Бугарија

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска говореше за првите сто дена од функционирањето на новата Влада на СДСМ која победи на изборите на 15 јули.

Како што истакна тој, неговиот тим не е виновен поради блокадата од Бугарија и како што истакна, тоа нема да ги предомисли да продолжат со реформите.

„Најавив дека влегуваме во време на ред и дисциплина. Мицкоски застана на браникот на криминалот. Едно од најважните прашања беше изнаоѓање решение за прашањата кои ги постави Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ. Оваа Влада нема вина за оваа ситуација. Застанавме цврсто на ставот дека е невозможно македонскиот идентитет да биде предмет на преговори и нема да се откажеме од нашето право на самоопределување. Штетата што е предизвикана од ова вето ќе може да се надомести брзо. Нема да дозволи неуспехот да предизвика застој на внатрешните реформи. Знаеме дека решенија се можни. Европа ја носиме дома. Резимето од стоте дена е да ја изразам благодарноста на владата од сите етнички заедници. Владата останува на утврдениот стратешки колосек. Ќе продолжиме со ферормите со силен интензитет. За нас нема друг пат, нема откажување и алтернатива. Продолжуваме заедно со граѓаните и со грижа и одговорност“, рече Заев.

Поврзани новости