Приведен разбојник во Скопје кој нападнал и ограбил 83-годишна жена

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Бит Пазар приведен е разбојник кој физички нападнал и ограбил 83 – годишна жена, од која одзел лични документи и пари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето, како што велат од МВР, било приведено во 14:00 часот по претходна пријава од Џ.Ф.(83) од Скопје дека во утринските часови пријавениот со употреба на физичка сила одзел ташна. Полицијата при претрес исто така пронашла и марихуана, како и разни предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

-Пронајдените предмети се одземени и вратени на оштетената, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од МВР.

Поврзани новости