Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл утрово во германската амбасада во Скопје се сретна со Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателот на партијата Радмила Шекеринска.
“Ништо конкретно не се договоривме, ова се почетни разговори”, изјави по 45-минутната средбата со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл, лидерот на СДСМ Зоран Заев.
По средбата со Заев, во германската амбасада на средба со Хајндл пристигна претседателот на ДУИ, Али Ахмети во придружба на шефот на кабинетот Артан Груби и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. По средбата со Ахмети, Хајндл ќе се сретне и со првиот човек на ДПА, Мендух Тачи.
Посетата на Македонија ќе заврши со средба со евроамбасадорот Аиво Орав.
Инаку вчера, Хајндл се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски, американскиот амбасадор Џес Бејли, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.