Заев отвори нова градинка во Муртино: За две години, градиме 70 градинки во државата

by Фокус

За две години на територијата на целата наша земја изградивме или е во тек изградбата и проектите за близу 70 градинки, што за толку кус период не е забележано во историјата на државата, рече премиерот Зоран Заев на денешното предавање во употреба на новата градинка во село Муртино.

-Пред неполн месец министерката за труд и социјална работа Мила Царовска потпиша договори за грантови за изградба на нови градинки со пет општини во вкупен износ од 228 милиони и 100 илјади денари. Во новите градинки се отвора простор за 70 нови деца. За прв пат по подолго време во нашата држава ќе се градат големи објекти, бидејќи ја препознаваме клучната улога на предучилишното образование за раст и развој на децата – потенцираше премиерот Заев.

Тој додаде дека покрај инвестирањето во нови градинки, владата вложува и во луѓето кои ги обликуваат идните генерации.

-Само оваа година обезбедивме 1.400 согласности за вработување во градинките. Почнувајќи од јунската плата, којашто на поголемиот дел од вработените веќе им е исплатена, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 проценти, што е околу три илјади денари во нето износ по вработен – рече премиерот.

Поврзани новости