Невнимание при готвење предизвикало пожар во стан, пожарникарите спречиле да се прошири низ цела зграда

by Фокус

Петнаесет пожарникари со 5 возила успеале да го совладаат пожарот што избил во стан на 5-иот кат во зграда на улицата Рузвелтова, спроти седиштето на Специјалното јавно обвинителство.

Според првичните информации, огнот избувнал поради невнимание при готвење и брзо се проширил во кујната, па и низ целиот стан.

Нема повредени лица, но причинета е материјална штета.

Поврзани новости