Заев: Откако Николов призна, треба пријави за тие што го наведувале

by fokus

Премиерот Зоран Заев по денешното рочиште за „Поткуп“ на кое беше испрашуван единствениот сведок, бизнисменот Николов, изјави дека можеле да се видат признанија од сведокот дека бил инструиран од МВР и ОЈО.

Јас јавно прашав, а редот беше тој да каже дека се отворени други истраги и како тие се затворени пред тој да биде соработник на власта. Тоа требаше тој да го каже, но истрагата нека докаже како тоа се поклопува со ПИ мерките и неговото инволвирање во овој процес. Верувам дека после овие искази на сведокот треба да следуваат други пријави против службени лица за тоа како му се наредувало и објаснувано. Мојот адвокатски тим ќе одлучи како понатаму, рече Заев.

Поврзани новости