Заев оствари средба со Џорџ Сорос во Давос

by fokus

Македонската делегација во Давос предводена од премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со филантропот и финансиер Џорџ Сорос, основач на Фондацијата отворено општество (ФОО) и со Александар Сорос, заменик претседавач со глобалниот одбор на ФОО.

-Република Македонија, беше истакнато на средбата, ги споделува и промовира вредностите на демократијата, заштитата на човековите права, владеењето на правото и отвореното општество, како вредности за кои се застапува и ФОО – пишува во владиното соопштение.

Концептот отворено општество еднакво за сите и понатаму останува столб врз кој се гради новиот лик на Република Македонија, заедно со демократските реформи за членство во ЕУ и НАТО и со економските мерки кои ги презема Владата, било нагласено на средбата со Џорџ Сорос.

Поврзани новости