Џолев: Приведувањето на пратениците беше согласно закон

by fokus

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев денеска изјави дека немало прекршување на законот при приведувањето на пратениците осомничени за настаните во Собранието на 27 април.

-Приведувањето на обвинетите пратеници за случувањата од 27-ми април е согласно законот. На својот имунитет пратениците се повикуваат дури доколку треба да се одлучува за мерка притвор. Во случајот,  судот одлучил пратениците да не бидат привилегирани и да бидат приведени на ист начин како и останатите обвинети. Ним мерката притвор им беше изречена дури откако завршија сите процедури во Собранието за симнување на нивниот имунитет, рече Џолев.

Поврзани новости