Заев оствари средба и со претседателот на Генералното Собрание на ОН

by fokus 17:23
17:23

Во рамки на активностите на 72 Генерално Собрание на ОН во Њујорк, премиерот Зоран Заев оствари средба со претседателот на Генералното Собрание на ОН, Мирослав Лајчак.

На средбата се дискутираше за ситуацијата на Западен Балкан, но и за промените кои се подготвуваат во ОН.

- Advertising -

Премиерот Заев изрази целосна поддршка на приоритетите предвидени за мандатот на претседателот на ГС на ОН, Лајчак и заедно ги истакнаа мултилатерализмот и превентивната дипломатија како најдобри методи за решавање на разликите меѓу државите и народите.

Поврзани новости