775
Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци, објави македонскиот премиер Зоран Заев, кој заедно со министрите за надворешни работи и за економија, Бујар Османи и Крешник Бектеши, ќе присуствува на денешниот фудбалски натпревар на Македонија со Австрија.
„Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас!“, порача Заев преку фејсбук.