Србија со критики до ЕУ и Косово

by Фокус

Во министерствата во последните месеци е работено деноноќно, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на прашањето зошто нема отворање на нови поглавја на ЕУ со Србија. Како што истакна Вучиќ, Србија направила се што е побарано.

-Мојата порака е продолжете да работите, тоа го правиме за нас. Ние сме на европскиот пат. Сакаш-сакаш, нејќеш-нејќеш, им благодариме. Ќе се видиме на крајот на годината кога ќе ги погледнеме нашите стапки на раст и стапките на раст на другите – рече Вучиќ.

Српската премиерка Ана Брнабиќ, пак, изјави денеска дека со премиерот на Косово, Албин Курти, нема разговори ниту заеднички договор за Косово. Во однос на изјавата на Курти кој ја обвинува Србија за геноцид, Брнабиќ кажа дека тој е „идеолошки фанатик со нула прагматизам“.

-Тој секој ден и се заканува на Србија со тужби за геноцид. Нека покрене тужба и потоа нека каже што сака, нека докаже што има, но да не се заканува, особено не на регионални состаноци, затоа што тогаш прави циркус од нив – рече Брнабиќ.

Поврзани новости