394
Премиерот Зоран Заев им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека по две години со законски измени ќе се овозможи тие да го предложат новиот јавен обвинител. Сега одлуката за наследникот на Марко Зврлевски ќе биде во нивни раце, односно поредлогот до Собранието ќе го достави Владата.
– Ние ветивме после втората година на предлог на опозицијата да има јавен обвинител, рече Заев, посочувајќи дека новиот обвинител треба да биде врвен експерт кој ќе го врати функционирањето на правната држава.
ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на денешната седница во Собранието побара две законски измени по брза постапка во Законот за јавно обвинителство. Едната беше, тие како опозиција да го предложат новиот обвинител, а другата тој да се избира со двотретинско мнозинство.