489
Премиерот Зоран Заев вечерва на прославата по повод Денот на независноста изјави дека треба да ја зграпчиме шансата која ја имаме, па затоа ги повика граѓаните да излезат на референдумот на 30 септември.
Премиерот ги повика и младите да гласаат затоа што, како што рече, одлуката ќе го исцрта нивниот животен пат.
-Преземете конкретен чекор на 30 септември, вие одлучувате за вас, за вашата иднина. Одлучувате дали ќе останеме сами, изолирани и беспомошни или ќе одиме во европското семејство и НАТО“ – изјави Заев.
Повика да се приклучиме кон европското семејство каде ќе имаме сојузници и ќе бидеме заштитени.
Заев повтори дека јазикот и македонската националност се потврдени за век и векови.