Заев: Од тројката М, Меркел, Макрон и Могерини ја имаме поддршката!

by fokus

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, од Куманово побара масовна излезност и поддршка на Стево Пендаровски и на концептот Напред.

-Од тројката на М, Меркел, Макрон и Могерини ја имаме поддршката. Тие се големи пријатели на нашата земја. И те како ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, затоа што одржавме европски лекции, покажавме европски манири, не калкулиравме со рејтинзи, направивме ‘се за државата“, рече Заев.

Тој рече дека сите од 1991 година ветувале НАТО И ЕУ.

-Имавме наше парче парче грутка заемја признаена од сите, сите со полна уста зборуваат за нас, признаен е од цел свет и нашиот мнозински Македонски народ и јазик, за што се бореле нашите татковци и дедовци. Имаме вистински човек и вистински концепт, цел свет го поздравува. Да ја дозавршиме работата, да си ја исполниме одговорноста кон децата, државата, идните генерации, да го избереме со голема поддршка Стево Пендаровски и да продолжиме Напред“, повика премиер Заев од Куманово.

 

Поврзани новости