485
СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, одговори премиерот Зоран Заев на прашањето дали со тоа што од партијата на Љубисав Иванов – Ѕинго останале до крајот на состанокот во Клубот на пратениците, значи дека се окрупнува владејачкото мнозинство со уште една партија.
-На средбата не разговараме кој како ќе гласа за уставните измени. Од СПМ на средбата рекоа дека тие се посебна партија од ВМРО-ДПМНЕ и ќе останат на средбата, рече Заев.