439
Премиерот Зоран Заев денеска беше на средба со граѓаните во Шуто Оризари и ги повика на масовна излезност на вториот круг од претседателските избори.
-Пред неколку часа дојдов од Берлин, првин тука ќе ја соопштам веста. Ќе отвориме преговори со ЕУ, тоа значи пари, фондови, систем, перспективи. НАТО и ЕУ не се мачкаат на леб, но носат леб. Затоа сите земји се стремат да бидат членки на НАТО и ЕУ, а еве ние веќе стануваме членка на НАТО. Не ни треба нов блокатор. Силјановска би била нов Иванов, да дадеме поддршка за Стево Пендаровски, повика претседателот на СДСМ и премиер, Заев.