Апасиев: Шарена револуција разочара многу луѓе и затоа е оваа апатичност

by fokus

Бојкотот на вториот круг на претседателските избори на 5 мај е контрапродуктивен и не може да се поистоветува со ситуацијата за референдумот, вели професорот по уставно право и претседател на „Левица“ Димитар Апасиев во гостување на Алфа.

Дециден е дека за разлика од референдумот во 2018, каде што тој го заговараше бојкотот како легитимна опција за политички цели, сегашниот бојкот на претседателските избори, а особено на решавачкиот втор круг е несериозно однесување.

-Сега е прашање дали ќе биде постигнат цензусот кој води до легитимен избор на новиот претседател на државата. Луѓето се станати апатични по разочарувањата од власта – очекуваа реформи а не ги добија. Ја разбирам разочараноста од партиите, но сега станува збор за личен избор, а не партиски. Негласањето води до две сценарија, намалување или целосно бришење на цензусот и избор на новиот шеф во Собранието. Ако власта имаше слух на пораките од народот, предвремени парламентарни избори досега ќе имаше по неуспешниот референдум. Залудно е бојкотирачите сега да се надеваат дека во случај на неуспех, Заев ќе распише предвремени избори. Во историја на Македонија не се случило вакво фијаско на владејачка гарнитура за две години да изгубат толку многу гласачи. Затоа нема да има нови избори, па ќе глумат демократија. Бојкотот и одговара на власта затоа што им отвора простор за фалсификати. Шарена револуција разочара многу луѓе и затоа е оваа апатичност – една кнедла која остана закочена и не го добивме она за што се боревме, коментира Апасиев.

Поврзани новости