Заев: Од први јануари ќе ги плаќаме придонесите за секој млад нововработен

by fokus

Еден од најновите чекори што ги преземаме, а кој значи уште поголема мотивација за секој млад човек да тргне на работа е дека од 1 јануари, за два и пол месеци од сега, државата ќе ги плати придонесите за секој млад човек што ќе тргне на работа, односно ќе биде нововработен. Дополнително, оние кои немаат практично искуство ќе бидат поддржани преку практиканство во фирмата кое државата директно ќе го покрие, истакна премиерот Зоран Заев и лидер на владејачката СДСМ на денешниот митинг во Аеродром.

Тој додаде дека следуваат и дополнителни стимулации за нововработените млади.

– Младите се нашиот двигател, нашата енергија, нашата иднина и затоа четири години сериозно вложуваме во нив: Инвестиравме во издржани, реални, младински политики, за младите да останат овде и овде да ја градат својата иднина.  Ве повикувам драги млади следете ги можностите кои доаѓаат и на централно и на локално ниво. Тие се пред вас. Државата, градот, општините ви ги обезбедуваат, останете дома во своите општини и ангажирајте се на пазарот на трудот, потенцираше Заев.

Тој упати порака до младите луѓе дека што порано стекнат работно искуство и вештини,  толку побрзо ќе напредуваат во кариерата.

Поврзани новости