Заев од прославата во Битола: Сега како никогаш досега треба да си подадеме рака!

by fokus

„Македонија има причина да слави. Дочекавме големи настани. Ги остваруваме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички сонови и надежи. Концертите вечерва се покана за обединување со сите наши политички разликиоколу остварените стратешки цели на нашата земја, членството во ЕУ и НАТО, истакна на вечерашната прослава во Битола, премиерот Зоран Заев.

Тој оцени дека е голем успех тоа што Македонија го постигна само за една година.

-Сега како никогаш досега треба да си подадеме рака. Сакам да ги повикам сите граѓани и да им порачам дека денеска силите што не делат не се толку силни како силите што не обединуваат. Силите што не обединуваат се датумот за преговори со ЕУ и поканата за членство во НАТО, истакна Заев.

Тој додаде дека отсега секој ден ќе ја повикувал опозицијата да ја изберат македонската иднина.

-Ајде да престанеме со сеење омраза, да се издигнеме над делбите и разликите заради нас, заради нашата држава и заради иднината на нашите и на следните генерации, порача премиерот.

Поврзани новости