Заев од Карпош: Никогаш повеќе маскиран фашизам во режим

by Fokus

Народот на Северна Македонија е на вистинската страна на историјата. Уште во минатото сме биле против фашизмот и за доброто на сегашноста и за генерациите пред нас, благодарение на прогресивната идеологија на СДСМ се изборивме со деценискиот режим, и денес сме 30 полноправна земја членка на НАТО, на иста маса со земјите од демократскиот свет.  Го остваривме сонот и на партизаните и предците, тоа е патриотизам на дело, истакна премиерот Зоран Заев на трибината во Карпош.

-Поради се уште постоечки иридентизам на Балканот, но со мудра дипломатија, стратешки партнери, ве уверувам Република Северна Македонија ќе биде европска земја. Идентитетот ни е утврден на дело, го бетониравме македонскиот идентитет како што правеле партизаните и илинденците пред нив. Е, тоа е патриотизам. Нашето место е во Европа бидејќи европската идеја е најпрогресивната политичка идеја, посочи Заев.

Тој рече дека реализацијата на ова мисија има ризици, пречките не се само однадвор туку и од внатре.

– Но ќе успееме и ќе го исполниме дадениот збор, никогаш повеќе фашизам и никогаш повеќе маскиран фашизам во режим. Во скоро време ќе започната процесот со чекорите до поглавјето, економски развој, најдоброт за општините е најдоброто за граѓаните, Карпош ќе продолжи по патот напред, најдоброто е можно , заклучи Заев.

Поврзани новости