Заев од Дојран: Тука на паркингот со Ципрас се договоривме за македонскиот јазик

by Фокус

Исправени сме пред историско прашање за иднината на земјата и јас сум убеден дека заедно на 30 септември ќе донесеме правилна одлука со која ќе ја потврдиме иднината на европска Македонија, рече денеска во Дојран премиерот Зоран Заев, кој учествуваше на митингот на коалициајта „Излези за европска Македонија“.

– Со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во текот на мај токму тука на паркингот во Дојран постигнавме договор за признавање на македонскиот јазик. Тоа се случи пред тогашниот Самит на ЕУ кога двете страни требаше да направиме исчекор и со тоа покажавме на членките на ЕУ дека сме подготвени на компромиси за постигнување договор – истакна Заев.

Тој додаде дека преку постигнатите договори со Бугарија и Грција веќе немаме проблеми со признавањето на земјата, народот, идентитетот и јазикот.

– Добивме пријатели кои убеден сум дека силно ќе не поддржат на нашиот пат и определбата за европска Македонија. Нашата интеграција во ЕУ и НАТО преку прифаќањето на договорот со Грција е многу важна за Македонија и затоа сум убеден дека на 30 септември ќе донесеме храбра одлука – рече премиерот.

 

Поврзани новости