ДУИ го одложи конгресот поради референдумот за името

by Фокус

Централниот одбор на ДУИ на вчерашната седница во Скопје едногласно донесе одлука за пролонгирање на петтиот Конгрес на партијата поради процесот за решавање на спорот за името.

„Сите свои капацитети оваа година, ДУИ ги посвети на јазичната рамноправност, итните реформи, договорот за добрососедство со Бугарија, Преспанскиот договор, добивањето на поканата за членство во НАТО и датумот за почеток на преговорите со Европската Унија. Заокружувањето на овој процес со успешното одржување на референдумот и уставните измени е од приоритетна апсолутна важност за партијата и граѓаните“, велат од ДУИ.

Од таму додаваат дека по успешното заокружување на овие обврски и очекувањата на граѓаните, ЦО повторно ќе одржи состанок за да донесе одлука за одржување на Конгресот и да изготви стратегија за градење на ДУИ за следните две децении.

Поврзани новости