Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев на средбата со жителите на општина Демир Капија го најави интервентниот план за инвестиции – кој е над 8 милијарди евра.
-Инвеститорите ги носиме во секој град и секое населено место. За нас нема големи и мали општини, важни и неважни. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој и тие ќе овозможат луѓето да се определуваат да живеат и работ во родното место, бидејки ќе имаат избор, ќе имаат шанса да работат, рече Заев.
Заев додаде дека ќе се утврдуваат заедничките потребите на граѓаните во одреден реон, маало или населба – и, општината ќе нуди субвенции, за да се отворат нови локално дефицитарни бизниси и додаде дека тоа ќе отвори нови работни место и ќе биде добро за граѓаните кои за своите потреби ќе може да се обратат во родното место, а не да се прават трошоци по други градови.