Заев од Битола: решение за медиумите и победа на 5 јуни

by Фокус

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев денеска во Битола учествуваше на отворена трибина со младите битолчани.

Според Заев, сите актери имаат обврска да придонесат за фер, регуларни и демократски избори и затоа како што рече граѓаните сплотени ќе со сочуваат и Уставот за да се спречи обидот на власта да го врати помилувањето за изборни нерегуларности.

– Следуваат многу значајни избори во Република Македонија.  Укинувањето на делови од законот и овозможување да има помилување за изборни нерегуларности што се случиле во минатото, значи да се испрати порака дека секој оној што ќе направи изборен грабеж, повторно ќе може да избегне одговорност. Тоа не смееме да го дозволиме заради тоа што стабилноста на Република Македонија зависи од фер, демократски и регуларни избори. СДСМ посветено стои на своите ставови во борбата за обезбедување на услови за фер и демократски избори. Ние ја подготвуваме партијата и нашето членство и се надеваме дека ќе анимираме голем број на граѓани да се впуштат во процесот на поддршка на опозицијата и смена на власта во Македонија и се надеваме дека тоа ќе се случи на 5 јуни. Ние сме подготвени за избори на 5 јуни, истакна Заев.

На средбата со новинарите во Битола, тој потсети дека обврската за реформи во медиумите согласно Договорот од Пржино се уште не е исполнета и очекува за брзо време квалитетна промена во оваа сфера.

Поврзани новости