Заев: Очекувам транспарентно судење, важно ми е да имам чист образ!

by fokus

Премиерот Зоран Заев утрово се појави во Кривичниот суд каде што му се суди за случајот „Поткуп“, но рочиштето се одложи за 26 февруари, бидејќи не беше присутен обвинителот Владимир Милошевски. Судијата Дарко Тодоров, истакна дека обвинителот во петокот го известил судот дека поради оправдани причини, односно службено патување, нема да може да присуствува на рочиштето.

Во Основниот суд Скопје 1 на Заев му се суди по обвинение дека како градоначалник на Општина Струмица од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.

Заев за медиумите изјави дека очекува брза и транспарентно судење, бидејќи, како што рече, важно за него како политичар и за функцијата што ја извршува е да има чист образ.

Поврзани новости