Нимиц денес и утре е во Атина, од среда доаѓа во Скопје

by Фокус

Медијаторот во спорот меѓу Грција и Македонија за името, Метју Нимиц, денеска и утре ќе престојува во Атина, а од среда ќе пристигне во Скопје, за да ги продолжи разговорите околу неговиот иницијален пакет за решение на проблемот.

Минатата недела во Давос премиерите на Грција и Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, ја оддржаа првата средба на која се разговараше за проблемот со името, додека во саботата тие имаа информативни разговори со лидерите на политичките партии на оваа тема.

И Ципрас и Заев најавуваат спремност да постигнат договор за заемно прифатливо решение, кое ќе биде компромисно и долгорочно, со цел да се затвори овој децениски спор меѓу двете соседни држави.

Поврзани новости