Заев: Очекувам Иванов да ми го додели мандатот

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес конференција изјави дека очекува претседателот Ѓорѓе Иванов да му го додели мандатот.

-Никола Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер. Се докажа дека Груевски го нема мнозинството за да формира влада. ДПМНЕ синоќа и официјално ја изгуби можноста за да формира влада. Македонија нема време за губење, демократските процеси се почнати, а тоа го избраа граѓаните. Очекувам Иванов да ми го додели мандатот. Сите поинакви опции ќе значат кршење на Устатов, рече Заев.

Тој додаде дека неопходно е да се формира што ќе ја одразува мнозинската волја на сите граѓани и влада која ќе работи во интересите на сите граѓани.

Поврзани новости