Заев: Очекувам да ме притворат за повторување на делото

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за телевизија 24 Вести вели дека не би бил изненаден доколку го уапсат пред или по преговорите во Брисел поради повторување на делото. Тврди дека состојбата е отидена во апсудрд особено во македонското правосудство.

-Тоа што го иницираше премиерот Никола Груевски како кривична пријава против Заев е дека е извршено насилство врз премиерот со барањето за техничка влада и предвремени избори. Предвремените избори веќе се добиени, се разговара за видот на владата што ќе ги организира и тоа само по себе кажува дека Заев сега во Брисел може да го повтори делото, да го усоврши насилството. Иако го кажувам во сатира, апсолутно тоа е можно, рече Заев.

Поврзани новости