Заев очекува преговорите со Грција да финишираат до јули

by fokus

Влезот на Македонија во НАТО е повеќе од извесен, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за австриската радиостаница ОРФ, и додаде дека очекува до Самитот на НАТО во јули да се пронајде решение за спорот со Грција.

-Верувам дека ќе успееме успешно да ги завршиме преговорите до самитот на НАТО во јули. Имаме автоматска покана, што значи дека членките на НАТО ќе почнат со ратификација на нашето пристапување, откако ние и Грција ќе најавиме дека спорот е решен – изјави Заев.

Самитот на НАТО е закажан за 11 и 12 јули во Брисел.

Поврзани новости