Заев очекува ослободителна пресуда во „Поткуп“

by fokus

Премиерот Зоран Заев очекува ослободителна пресуда во судскиот процес во кој се товари за поткуп. По денешното рочиште во Кривичниот суд, Заев изјави веќе е јасно дека се работи за монтиран случај.

-Драго ми е што го разобличивме целиот предмет и што го отворивме како пупкa презентирајќи ја видео снимката и преку исказот на сведокот. Се се гледa и веќе се е јасно. Ниту судот не треба да го замараме повеќе. Станува очигледно дека е местење и дека се работи за агент провокатор на коj му се заканувале неколку истраги против него, значи се работи за пазарење со цел Заев да биде спречен да ги објави бомбите – рече премиерот.

Според него во основата на процесот е изградба на црква. Како што рече, не барал поткуп туку се работи за мотивирање да се дадат донации за изградбата на црквата. Во врска со видео снимката која беше објавена во јавноста и за која Заев бараше судот да ја пушти на рочиште пред јавноста, премиерот рече дека по правосилност на пресудата ќе направи се што може таа снимка сепак да биде пуштена во јавност.

-Ќе го разгледам секој можен начин за тие отсечени делови да ги пуштам во јавност. Се работи за мојот образ, чест и углед. Само судот ги поседува, но на било кој начин ако имаме право по закон некако да ги добиеме снимките ветувам дека јавно ќе ги објавам. Важно е пред се заради мене – додаде тој.

Поврзани новости