Градоначaлникот на Чаир демантира дека го тепале: Бев на концерт со Ахмети!

by fokus 12:13
12:13

По информацијата објавена во неколку медиуми дека градоначалникот на скопската општина Чаир, Висар Ганиу, бил претепан од сопартијци, припадници на различна фракција во ДУИ, Ганиу ја демантира објавената информација.

-Не е точно дека ме нападнале, не знам зошто се измислуваат вакви работи. Вчера бев на концерт на Инва Мула, а таму беше и лидерот Али Ахмети. Се објавува и дека ме претепала група на Бекир Асани, но ова не е точно, помеѓу нас нема расправии, сите сме дел од централното раководство на ДУИ, изјави за „Фокус“ градоначалникот Ганиу.

Медиумите кои ја објавија ова информација се повикуваат на извори од општина Чаир. Пишуваат дека нетрпеливоста која долго време постоела во структурите на ДУИ, особено во чаирскиот огранок, испливала на површина со тоа што група неидентификувани лица, припадници на една од фракциите во Чаир, го претепала градоначалникот влечејќи го низ ходниците на општината зграда.

В.В.

Поврзани новости