Заев очекува да се интензивираат разговорите со Бугарија, а во вторник да има обид за решение

by fokus

Ќе продолжиме да работиме со Бугарија за изнаоѓање заедничко победничко решение. Во овој момент се уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, но пред нас постојат услови за тоа. Целта е низ договорот преку двете комисии, а тоа е историската комисија и меѓувладината комисија да ги изнајдеме решенијата кои ќе имаат дополнително појаснување, ангажман, сериознио имплементирање на обврските од Договорот. Очекуваме дека овие денови ќе се интензивираат разговорите за на крајот непосредно пред 17, а тоа е вторник да се обидеме да постигнеме решение.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес-конференција во Владата за изјавата на бугарскиот вицепремиер и министѕер за одбрана Красимир Каракачанов дека Скопје има време до петок да корегира се што пропушптило во замена за почеток на ппристапните преговори, а би ги вклучувало прашањата за јазикот, идентитетот и историјата

– Вистинските политичари мора да му дадат шанса на процесот и да најдат начин да се согласат. За тоа имаме и директна поддршка од канцеларката Меркел, рече Заев.

Тој потврди дека вчера навистина имале конструктивни разговори во пријателска атмосфера како соседи кои имаат намера да ја обезбедат европската иднина на регионот, и рече дека се надева дека така и ќе продолжат.

Поврзани новости