Петар Богојески е позитивен на Ковид-19

by fokus

Петар Богојески, основачот на политичката платформа Македонски концепт на Фејсбук соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и дека веќе ги почувствувал првите симптоми.

-Ве известувам дека заболев од Ковид 19 и започнувам со лекување! (согласно антиген брз тест – но морам да информирам како превенција) До вчера доцна бев без никакви симптоми, целосно функционален и енергичен… утрово се разбудив со симптоми…Утрово бев на тестирање со стапчињата на Бил Гејц… ми вградија чип и ме заразија! Целта им е да ме спречат да му помогнам на Трамп да победи!!! Шала на страна, Ве молам сите вие кои бевте во контакт со мене последните денови да се тестирате и да се заштитите! Јас ќе направам напор сите поединечно да ги информирам! Ви благодарам!, напиша Богојески.

Поврзани новости