Заев очекува Бугарија да го признае македонскиот народ и јазик

by Фокус

Сигурни во нашиот идентитет, македонскиот јазик е непобитен, рече премиерот Зоран Заев на ТВ 21, по денешното бугарско вето за старт на меѓувладината конференција со ЕУ. Заев посочи дека очекува македонскиот јазик и народ да биде признаени од Бугарија.

-Лично очекувам Бугарите и бугарските власти да го признаат македонскиот јазик и македонскиот народ, затоа што тоа е чувство, тоа е дел од ОН, признаени сме од целиот свет, и внатре ако сакаат може да продолжиме како досега, а во Европа да нотира дека за Бугарија македонски јазик е тоа што е согласно договорот – рече Заев.

 

Поврзани новости