Владата му додели на Град Скопје 120 милиони денари за Универзалната сала

by Фокус

Владата денеска ја донесе и Одлуката за одобрување на 120.000.000 денари од буџетот кои ќе бидат неповратна финансиска помош за Град Скопје за реконструкција на Универзална сала.

Покрај тоа, од владата соопштија дека со цел намалување на времетраењето на превозот на патниците и намалување на загадувањето на воздухот, се воведува проектот „Брз автобуски превоз во Град Скопје“, кој опфаќа воспоставување на две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите.

Исто така, Владата донесе заклучок со кој се препорачува висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од работа на вработени лица кои имале контакти со заразени лица, а кои се вработени во  приватниот сектор и се во самоизолација,  да се пресметува и исплатува согласно закон и колективен договор.

Поврзани новости