Премиерот Зоран Заев смета дека е можно да се постигне решение со Бугарија до јуни и оваа година да има прва меѓувладина конференција. Како што рече тој на Канал 5, македонскиот јазик и македонскиот идентитет не може да бидат на маса. Историјата, според него, не може и не смее да биде пречка.
-Насетувам дека прозорецот на решението е со тоа што го потврдуваат нашиот македонски народ и македонски јазик и тоа треба да биде на сигурно и ќе биде на сигурно заради тоа што никој пат нема да бидеме во ЕУ барем јас додека сум. Затоа што обезличени сме прашина. Ако сме прашина може да не донесат на Марс џабе е. Кој ќе влезе во ЕУ ако не македонскиот народ. Кој да влезе? Со кој јазик ќе влезе ако не со македонскиот јазик. Така што нема дилеми околу тој дел – рече Заев.