Заев: Обезбедуваме 54 милиони денари за награда за здравствените работници

by Фокус

Oбезбедуваме 54 милиони денари за награда на здравствените работници и помошно-техничкиот персонал, кои се борат против Ковид-19, објави вечерва премиерот Зоран Заев на својот фесбук-профил.

„Од почетокот на кризата, но и претходно, Владата предводена од #СДСМ презема сериозни чекори за унапредување на здравствениот систем и за зајакнување на неговите капацитети. Следната година следува зголемување на платите во здравството за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес“, истакнува премиерот Заев.

Тој посочува дека како одговорна партија СДСМ постојано инвестира во нашиот здравствен систем.

Поврзани новости