Костадинов: Утре ќе обезбедиме комбе за струмичката болница

by Фокус

Во текот на утрешниот ден ќе биде обезбедено санитетско комбе за струмичката болница, информираше пратеникот на СДСМ од Струмица Костадин Костадинов, откако директорот на болницата во Струмица, Наке Гогов, вчера преку Фејсбук упати апел до граѓаните да донираат за да може да купат возило.

-Со силна посветеност, со многу разговори, разбирање за состојбата во која се наоѓаме и интензивната борба со коронавирусот, заедно со директорот на болницата во Струмица, со Дирекцијата за управување со кризи, утре обезбедуваме санитетско комбе за струмичката болница“, рече Костадинов.

Опозицијата денес реагираше дека владејачкото мнозинство во парламентот, во рамки на расправата за ребаланс на буџетот, го офрлила нивниот предлог-амандман за набавка на 3 нови возила за струмичката болница.

Поврзани новости