Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц треба да го закаже конечниот датум на средбата меѓу претставниците на Македонија и на Грција во Њујорк, изјави денеска премиерот Зоран Заев во врска со одложената рунда разговори што беше најавена за почетокот на наредната недела.
– Јас споделив информација при посета во странство. Транспарентни сме, го кажав тоа што го имав. Состанокот го закажува Метју Нимиц. Уште вечерта истиот ден ми стигна информација дека е одложен, веројатно од некој од претставниците кои учествуваат во тимот. Средбата е замислена со цел медијаторот Нимиц, кој е нејзијн организатор, да се види со преговарачките тимови, не е на политичко ниво на министри, премиери, претседатели на држави и слично. Затоа ќе очекуваме тој да ги потврди конечните датуми – рече Заев.