Заев никогаш не се возел во „мерцедесот“ од 600.000 евра

by Fokus

Премиерот Зоран Заев никогаш не го користел „мерцедесот“ од 600.000 евра, тој ги користи другите службени возила, одговори на новинарско прашање портпаролот на владата, Миле Бошњаковски, за тоа со што се вози Заев и како се превезуват странските делегации.

Од Владата вчера известија дека е почната е постапката за оттуѓување на владиниот мерцедес од 600.000 евра и негова замена за болничка опрема

-Возилото од денеска премина од сопственост на МВР во сопственост на Службата за општи и заеднички работи. Потоа ќе следува постапка за негово отуѓување, односно замена за болничка опрема, соопшти вчера портпаролот.

 

 

Поврзани новости