Годинава нема да се додели наградата „Мито Хаџи Василев – Јасмин“

by Fokus

Годинава нема да се додели државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ за 2017 година поради неспроведување на процедурата од страна на Комисијата за избори и именувања и Собранието на Република Македонија за избор на Одборот за доделување на наградата.

– Со оглед на фактот дека во почетокот на август беа распишани Локалните избори 2017, а според укажувањата на Државната комисијата за спречување на корупцијата, Собранието на Република Македонија ги прекина парламентарните седници и комисиските расправи се до завршување на изборниот период. Со тоа се пробиени законските рокови и за конкурсот, што според Законот треба да трае од 1 до 31 октомври, како и за донесување Одлука од страна на Одборот. Поради овие причини, наградата  “Мито Хаџи Василев – Јасмин” во 2017 година нема да биде доделена – информираат од министерството за култура.

Министерството за култура очекува во најскоро време Собранието на РМ да го спроведе изборот на членови на Одборот за доделување на оваа државна награда, со што нејзиното доделување за наредната година нема да биде доведено во прашање.

 

Поврзани новости