Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерката Радмила Шекеринска и вицепремиерот Бујар Османи, во моментов има брифинг со новинарите на тема: „Економија, реформа и интеграција на Република Македонија“.
Одговарајќи на новинарските прашања, премиерот Заев рече дека за покрупните прашања за Македонија, власта и опозицијата треба да бидат заедно.
-Не знаеме кога ќе биде референдумот дали ќе биде сега или ќе биде пред влез во НАТО. Јас би седнал и референдумот би го релаизирал заедно со опозицијата. Ние веруваме во референдум, но и сме за референдум зошто и ВМРО-ДПМНЕ е за рефереднум. Треба сите да бидеме заедно за ваквите прашања. Јас сум убеден дека Македонија за покрупните прашања може да застане заедно. ДУИ ете не е за референдум, но ќе седнеме ќе разговараме. Тоа не е причина за некакви турбуленции во коалицијата. Таа е слободата и демократијата за која се залагаме, рече Заев.