Премиерот на Македонија, Зоран Заев денеска оствари заедничка средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата, Заев порача дека силната поддршка од НАТО е од големо значење за Македонија.
„Среќен сум што овој пристап беше препознаен од моите колеги од Бугарија и Грција. Нашето ново силно партнерство, постигнато со договорите со овие држави, директно ја зајакнува регионалната безнбедност и стабилност. Посебен акцент ќе биде посветен на владеење на правото, судските реформи, борбата против корупцијата, реформите во одбранбениот сектор. Силната поддрша од НАТО е од големо значење на нас. На 30-степври ние сме на историски крстопат за нашта иднина. Очекувам дека опозицијата ќе покаже единство и ќе се вклучи во процесите. Нашата цел е да ги информираме граѓаните за придобивките од ЕУ и НАТО и важноста за постигнувањето конечен договор“, порача Заев на средбата.