Заев: Ни мене не ми се допаѓаше Русковска пред неколку години, но кој ме прашува

by fokus

Обвинителката Вилма Русковска ќе ги преземе тимот и постапките на Специјалното јавно обвинителство, затоа што е актуелна шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција каде што е во план да се интегрира и СЈО, појасни денеска премиерот, Зоран Заев, кој рече дека тој не ја предлага Русковска за шефица на новото СЈО.

-Не ја предложив јас Русковска за шеф, не ми се доаѓаше ни мене пред 5, 7, 9 години, но кој ме прашува мене. Обвинителите ги бира Совет на јавни обвинители. Во Обвинителството постои субординација и координација. Тоа е нормален процес. Решението што ВМРО-ДПМНЕ го бараше и написмено во овие работни групи беше да се откажеме во опстојување на самостојноста на СЈО во идниот перид, да не биде посебно одделение, туку да се припои. Го направивме тоа. Верувам дека имаме решение и дека овие денови ќе ги отвориме дебатите. Треба да и учиниме и да и помогнеме на државата и ова прашање да го тргнеме од дневниот ред – рече Заев.

 

Поврзани новости