-Рековме дека избори нема да има, рековме дека има можности за седница на Собранието. За да го смират гневот на членовите донесоа уште одлука без согласност на опозицијата. Таквата одлука на власта е нивна, без наше учество и тоа јавноста мора да го знае, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференција.
Според него аболицијата мора целосно да се укине за да има правичност и правда во Македонија. Сите поинакви обиди за некаква делумна аболиција за СДСМ не се прифатливи.
-Кога се работи за Груевски се е можно и нема да не зачуди ако се врати на премиерската функција. За нас исправно е само брзи, регуларни и фер избори, но со Груевски не се можни никакви реформи. Граѓаните се заложници на криминалната група на Груевски. Ова ќе заврши набрзо но само на регуларни избори.
Заев не прецизираше кога би биле изборите затоа што нема никакви услови сега. Тој повика дека избори се можни само со чист список во кој граѓаните ќе веруваат и со реформи во медиумите. За СДСМ Договорот од Пржино е погребан затоа што извршен е упад во Владата чија мисија беше да спроведе избори. Сега со едностраната одлука власта ја укина таквата влада и си донесе свои кадри.
-Криминаци се и ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и не гледам причина граѓаните да не веруваат во позитивен исход. Двете партии се во истата каша и си го делат пленот. Наш противник е ВМРО ДПМНЕ, но и ДУИ. Заедно ги урнисаа институциите, како Уставниот суд, прво го натераа на политички одлуки, а потоа на правна одлука. Но, се додека дишеме нема да дозволиме помалку од фер и регуларни избори, реше Заев.
На крајот Заев потенцираше дека и неговата аболиција од 2008-та за „Глобал“ ќе побара да биде повлечена.