Македонците со протест во Хрватска

by fokus 13:13
13:13

Граѓанската иницијатива на Македонците во Хрвтска оваа сабота во 11 часот на загребскиот плоштад „Трг жртава фашизма“ пред Амбасадата на Република Македонија ќе излезат на протест поради аболицијата од страна на на македонскиот претседател.

Од таму велат дека амнестијата е изведена непотполно и невешто, бидејќи со неа не се опфатени сите криминални дела и нивните починители.

„Срамотно е премиерот во оставка Никола Груевски, кој според содржината на прислушкуваните телефонски разговори извршил најмалку 2 493 351 казнено дело, да биде амнестиран само 5 пати. Лош пример за аболиција е и сменетиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, се уште актуелен претседател на Асоцијацијата за водовод и канализација кој е почастен само со 16 помилувања. Мислиме дека оваа постапка на претседателот и нанесува долгорочна штета на Македонија, бидејќи со мерката помилување не се опфатени бројни дела за кои македонското судство не стигнало да подигне обвиненија, ниту пак некогаш ке подигне. Затоа, во рамките на акцијата КОЛЕКТИВНО (ПО)МИЛУВАЊЕ ќе ја исправиме грешката на Св. Хорхе. Ќе ги помилуваме сите македонски државни тела потонати во криминал и корупција, а во тоа функција ја повикуваме и Амбасадата на Република Македонија и сите организации кои ги застапуваат Македонците во Република Хрватска да примат помилување и дадат свој придонес кон семакедонското помирување, главниот мотив на гуру Хорхе Ел Фикусаре за донесување на одлуката масовно помилување. Имајќи предвид дека огромен број македонски државјани поради наведената ситуација ја напуштија татковината, ги повикуваме сите заинтересирани граѓани од Хрватска и останатите земји на протестот да побараат македонски државјанства, како би биле амнестирани од сите можни криминални дела. Со тоа и Македонија би ги пополнила своите празни капацитети за работна снага, насушно потребни поради неверојатните странски инвестиции во таа земја. Подгответе документ со вашето име и презиме и причините зошто Македонија треба да ве помилува и предајте го во мобилниот шалтер за помилувања кој ќе биде поставен на Трг жртава фашизма, кон Амбасадата на Република Македонија. Дојдете да ве помилуваме!”, се вели во повикот за протест.

- Advertising -