Законски возможно е Собранието да се свика повторно, откако веќе е распуштено, смета лидерот на СДСМ Зоран Заев.
– Правото да распише избори Трајко Вељаноски го црпи од пратеничкиот мандат, кој е еднаков со сите пратеници. Уставот и заканот ниту забрануваат ниту прават пречка за свикување на Собранието. Пратениците имаат мандат до изборот и верификацијата на новите пратениици. Согласно тоа, постои отворена врата парламентот да се свика. Поважно од тоа дека нема обезбедено услови за регуларни избори – здравје. Значи пресериозна е причината за свикување на парламентот – изјави Заев.
Тој додаде дека меѓународната заедница, граѓаните и медумите будно да ја следат работата на Државната изборна комисија, бидејќи, според него, можно е преку надгласување голем број спорни гласачи да опстојат на избирачкиот список.
– Очекувам политичко насилие со политичко надгласување во независната ДИК. Ако тоа се случи, тоа е врв на апсурдноста – истакна Заев.
Инаку, на Граѓанската платформа за демократска Македонија за враќање на слободата и демократија, која ја потпиша лидерот на СДСМ со дел од партиите, од денеска се приклучува и Партијата за европска иднина на Фијат Цаноски.