Ристовски: СДСМ го блокира ДИК за да ги одложи изборите!

by Фокус

СДСМ на сите начини се обидува да ја блокира работата на Државната изборна комисија и да не им дозволи на граѓаните да излезат на гласање на 5 јуни, изјави Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Техничкиот министер Оливер Спасовски, иако имаше обврска, одбиваше да ги потпише пропратните писма со кои МВР одговара на барањата за дополнителни проверки за ажурирање на избирачкиот список. Неговите послушници во регионалните комисии на министерството, исто така се обидуваа на секаков начин да ја блокираат работата и проверките за кои имаа наредба. Генералниот секретар на ДИК, пак, одбиваше да постапи по задачите кои му беа доделени од страна на комисијата. Единствено нешто што направи Добре Јанчев е вработувањето на Јанакие Витановски, поранешен пратеник од СДСМ како прв човек во најчувствителниот сектор во ДИК одговорен за ажурирањето на избирачкиот список – рече Ристовски.

Поврзани новости